Пензионери од Свети Николе и Штип денеска во Свети Николе повторно излегоа на мирен протест со барање оставка на претседателката на Здружението на пензионери на Македонија, Станка Трајковска. Трајче Стаменов пензионер од Свети Николе вели дека претседателката не ги поддржала во нивните барања за линеарно покачување на пензиите и затоа бараат или да биде разрешена или да си поднесе оставка.
-Сега истите тие пензионери бараме разрешување на госпоѓата Станка Трајковска од функцијата претседател или нејзина оставка. Таа не ни даде поддршка за линеарното покачување туку беше за процентуално покачување на пензиите. Ние сме околу 250.000 пензионери кои земаат околу 18.000 до 20.000 денари пензија, немаме веќе доверба и потреба од нејзе како претседател, вели Стаменов.
Пензионерите имаат и други барања кои бараат да се исполнет. Трајче Митев пензионер од Штип на денешниот протест праша и каде се парите кои ги земаат пензионери од Косово, посочува и дека треба да се усогласи минималната пензија, како и да се намали прагот на влегување во пензија од 15 на 5 години.
-Во Законот е ставено дека треба 70% од просечната плата, 30% да биде минималната пензија, тоа е некаде околу 20.000 денари. Треба да се намали прагот на влегување во пензијата од 15 на 5 години, вели Митев.
Пензионерите најавија дека ќе одат на состанок во Скопје, со цел исполнување на нивните барања, во спротивно какошто велат протестите ќе бидат се почести.