Во Атина денеска почнува натпреварувачкиот дел на сениорското Европско првенство во кикбокс во машка и женска конкуренција на кое ќе настапат петмина македонски натпреварувачи.

Во женска конкуренција, Леа Бошевска ќе настапи во кик лајт во категоријата до 50 килограми, а Андреа Костовска во кик лајт до 55 килограми.

Во машкиот состав се Мите Ашкилов во кик лајт во категоријата до 94 килограми, Бобан Илиоски во лоу кик до 86 килограми и Стефан Михајловски во кик лајт во категоријата над 94 килограми. На Европското првенство кое се одржува до 10 ноември пријавен е настапот на 982 кикбоксери од 41 земја.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2024 04:44