Поранешниот кошаркар на Голден Стејт вориорс, Мет Барнс му даде поддршка на играчот на Филаделфија, Џоел Ембид во неговиот конфликт со новинар.
На социјалните мрежи Барнс објави со своја претходна реплика: „Насилството никогаш не треба да биде одговор, но понекогаш сè уште е. Понекогаш е така 🤷♂️“, напиша поранешниот кошаркар.
Ѕвездата на Сиксерс, пред два дена физички нападнал новинар по поразот од Мемфис. Инцидентот се случил во Филаделфија кога Ембид и новинарот Маркус Хејс поради напишан текст најпрвин влегле во вербален конфликт, а потоа кошаркарот го турнал.
НБА отвори истрага за инцидентот.