Во Националната опера и балет ноември е „Месец на Пучини“, посветен на одбележување на 100 години од смртта на италијанскиот композитор Џакомо Пучини, кој се смета за еден од најголемите оперски композитори на сите времиња.

-За 100 години на најголемиот оперски композитор Џакомо Пучини, во месецот ноември одвоивме четири негови грандиозни дела – Боеми, Мадам Батерфлај, Тоска и Турандот. Претставите ќе бидат изведени од страна на висококвалитетниот ансамбл на Национална опера и балет збогатени со врвни диригенти и оперски солисти од Италија, Грција, Кина и Јужна Кореја…, најавуваат од Операта.

Од четирите дела на Пучини кои се неизбежен дел од репертоар на секоја поголема оперска куќа во светот, прва ќе биде изведена „Боеми“ (8 ноември), а потоа следат Мадам Батерфлај на 16 ноември, Тоска на 23 ноември и Турандот на 29 ноември.

За својата публика и љубителите на оперската уметност, Националната опера и балет по прв пат нуди опција за блок билети за четирите оперски претстави со поповолна цена.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2024 07:26