Манчестер сити претрпе три порази во низа за прв пат од април 2018 година.

„Граѓаните“ синоќа беа поразени во 4. коло во Лигата на шампионите од Спортинг (1:4). На 31 октомври, тимот на Пеп Гвардиола загуби од Тотенхем (1:2), а на 2 ноември од Борнмут (1:2) во натпреварите од Премиер лигата.

Исто така, Манчестер сити немаше примено четири гола на натпревар од Лигата на шампионите уште од октомври 2016 година. Тогаш тимот загуби од Барселона со 0:4.

Шанса да се прекине лошата серија Манчестер сити ќе има в недела кога ќе гостува кај Брајтон во натпреварот од 11. коло од Премиер лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2024 10:51