Земјотрес со епицентар во скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда од 2.2 степени е регистриран утрово во 5 часот и 49 минути, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
-Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Опсерваторијата