Барселона синоќа загуби на гостувањето кај Реал Сосиедад со 1:0 во натпревар од 13. коло на Шпанското фудбалско првенство.

Избраниците на тренерот Ханс Дитер Флик упатија 11 удари, од кои ниту еден не во рамките на голот на баскискиот клуб.

Според шпанските медиуми, за прв пат од септември 2014 година, Каталонците не шутнаа кон противничкиот гол на меч од Ла Лига. Тогаш Барселона одигра нерешено со Малага (0:0).

И покрај поразот, Барселона е лидер на табелата во Ла Лига со 33 бода, пред реал Мадрид кој има 27 и натпревар помалку



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2024 14:00