Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица вчера во близина на с.Богородица, го привеле У.Х.(61) од Косово, соопшти МВР.

При преглед во возилото „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија. Мигрантите и возилото биле пренесени во прифатно - транзитен центар „Винојуг“ за понатамошна постапка. У.Х. бил задржан во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2024 20:56