На автопатот Табановце - Куманово, во близина на село Табановце, синоќа околу 19.35 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода К.Н.(27) од Скопје.

Од МВР денеска соопштија дека на наведеното место, полициски службеници сопреле возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, од кое излегол К.Н. со осум лица мигранти од Сирија и се обидел да избега.

- Набргу бил фатен и лишен од слобода. К.Н. и возилото биле задржани во полициска станица, а по наредба на јавен обвинител, мигрантите биле сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје и во Транзитниот центар Табановце. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2024 20:57