Во Скопје вчера во 17.30 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(23) од скопско Батинци.

МВР денеска соопшти дека при претрес во домот на Ј.Т.(38) од Скопје, извршен со судска наредба, каде бил затекнат пријавениот А.Р., како и во неговото патничко возило, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, две дигитални ваги, куршуми и други предмети.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2024 21:17