Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека Кина е подготвена со Перу да промовира вистински мултилатерализам и да придонесе за изградба на балансиран и мултиполарен свет.

Си изјави за перуанскиот весник „Ел Перуано“ дека светот моментално минува низ промени кои не биле видени во последните сто години и дека човештвото повторно дошло на историска раскрсница.

Според него, Кина е подготвена заедно со Перу да ги спроведе глобалните иницијативи за развој, безбедност и за цивилизација и заедно да работат на изградба на заедницата со заедничка иднина за човештвото, јавија кинеските медиуми.

Написот во весникот „Ел Перуано“, насловен „Пријателство Кина-Перу: Да тргнеме кон уште посветла иднина“, беше објавен додека Си Џинпинг престојува во Перу на 31. самит на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), што се одржува во Лима



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2024 03:33