Кошаркарот на Л.А. Лејкерс, Леброн Џејмс блесна на натпреварот против Мемфис, забележа нов „трипл-дабл“ и со тоа покажа дека годините не влијаат на неговата игра.

Тој по натпреварот зборуваше за новинарите и во разговорот откри дека е свесен дека наскоро ќе наполни 40 години, што значи дека се ближи крајот на неговата играчка кариера.

-Нема да играм уште долго време да бидам искрен, една или две години. Нема да играм додека не ми „отпаднат тркалата“ изјави Џејмс за медиумите.

Леброн неодамна го исполни својот голем сон, а тоа е да игра со својот наследник Брони, а што се однесува до кошарката, тој ги исполни сите свои цели и соништа



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2024 03:34