Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје оствари победа над Летонија со 1-0 (0-0) во дуел од Лигата на нациите.

Македонските фудбалери со голот на Серафимов во 57. минута дојдоа до трите бода и ја обезбедија првата позиција во групата 4 која не носи во Лига Б.

Македонија има 13 бода, Фарски Острови имаат шест, а Ерменија и Летонија по четири.

Нашите фудбалери во недела ги очекува и последниот натпревар од групната фаза во Лигата на Нации кога во Скопје гостуваат Фарски Острови. Дуелот почнува од 15 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2024 03:53