Новиот топловод под мостот „Беласица“ од ноќеска е целосно ставен во функција и обезбедува стабилна и сигурна испорака на топлинска енергија, информира АД ЕСМ.
Откако вчера најави дека можно е да има прекини во испораката при поврзувањето на топловодот, денеска АД ЕСМ информира дека се поминало без никакви прекини или отстапки во квалитетот на испораката на топлинска енергија.
Соопшти дека поставувањето на новите топловодни цевки е завршено „во рекордно краток период од помалку од два месеца, благодарение на високата ефикасност и посветеноста на тимовите на АД ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција на топлина“.
-Иако првично беше предвидено привремено прилагодување на квалитетот на испораката за мал дел од корисниците за време на финалните активности, ефикасната координација и професионалноста на екипите овозможија поврзувањето на новиот топловод со постоечкиот систем за дистрибуција на топлинска енергија да помине без никакви прекини или отстапки во квалитетот на испораката. Задоволен сум што со тимска работа и вложување на натчовечки напори успеавме да го завршиме зафатот за 40 дена и овој капацитет веднаш да го ставиме во целосна функција, истакнува Петар Милетиќ, директор на ЕСМ-Дистрибуција на топлина