Утрово, автобус сопственост на ЈСП Скопје излетал од патот Раштак - Булачани. Согласно информациите кои ги имам за среќа нема повредени граѓани, бидејќи автобусот бил празен.
Изразувам сериозна загриженост по однос на состојбата во која се наоѓа возниот парк на ЈСП Скопје. Барам спроведување на целосна истрага за денешниот немил настан и утврдување на причините за настанување на истиот.
Апелирам до менаџментот на ЈСП и градоначалничката на Град Скопје во заминување Данела Арсовска да превземат сериозни активности во насока на обезбедување безбеден јавен превоз за жителите на Скопје.
Не сакам ниту да помислам што можеше да се случи доколку автобусот беше полн со патници! Очекувам јавно објавување на причините за настанување на денешниот немил настан