Полициски службеници од СВР Велес синоќа во 19.45 часот ги лишиле од слобода 34-годишниот З.Н. и 41 годишниот Д.Н. двајцата од Чашка, затоа што на улица „8 Септември“ во Велес физички нападнале полициски службеници додека извршувале службени задачи.

Како што денеска информираат од СВР Велес, З.Н. и Д.Н. биле задржани во полициска станица, известен бил јaвен обвиител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2024 03:53