Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска изјави дека побарал голем број високи владини функционери да поднесат оставка.

„Причините за таквото барање не се лични, туку системски и за тоа веќе зборував јавно“, напиша Пашинјан на Фејсбук, пренесен од британските меидуми.

Повикувајќи се на изјавата на портпаролот на министерот Газаријан, руските медиуми денеска јавија дека ерменскиот министер за внатрешни работи Вахе Газаријан поднел оставка.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2024 14:59