Министерството за социјална политика, демографија и млади денеска соопшти дека, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 22 ноември 2024 година (петок), Ден на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за социјална политика, демографија и млади на граѓаните припадници на албанската заедница им го честита Денот на Албанската азбука.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2024 15:30