Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска во Брисел го потврди ставот на Италија за оружјето што и се испорачува на Украина, а кое може да се користи „само на украинска територија“.

„Нашиот став за употребата на оружјето на Украина не се менува, тоа може да се користи само на украинска територија“, рече Тајани на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Изјавата доаѓа откако Вашингтон и дозволи на Украина да ја нападне руската територија со ракети со долг дострел доставени од САД, што е голема стратешка промена околу два месеца пред Доналд Трамп да ја преземе функцијата.

Тие ракети, со максимален дострел од неколку стотици километри, би ѝ овозможиле на Украина да стигне до логистичките локации на руската армија и аеродромите од кои полетуваат нејзините бомбардери.

Тајани се заложи „за мировна конференција во присуство на Русите, Кинезите, Индијците и Бразилците“.

„Се надевам дека Пекинг може да одигра позитивна улога во тоа Москва да сфати дека оваа бесмислена војна мора да се прекине. Секако, присуството на севернокорејски војници не е добар сигнал“, додаде Тајани.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2024 16:06