На влез во Дебар при контрола на товарно возило со скопски таблички спречен е нелегален транспорт на животни без соодветна документација. Станува збор за 17 телиња на старост од осум до десет месеци со потекло од одгледувалишта во село Витолиште, прилепско.
- Од страна на официјалниот ветеринар животните се одземени и предадени се на понатамошно постапување од страна на Агенцијата за одземен имот. Во текот на денешниот ден од страна на официјален ветеринар ќе биде постапено согласно надлежностите од Законот за ветеринарно здравство и Законот за идентификација и регистрација на животните, информираа денеска од Агенцијата за храна и ветеринарство