Жител на тетовска Стримница на 90 години го загуби животот во пожар во неговата куќа ноќеска околу полноќ.
Според информациите на Регионалниот Центар за управување со кризи Тетово, во период од 23.34 до 02.45 часот после полноќ Територијалната противпожарна единица со 11 пожарникари и четири противпожарни возила ја гаснеле запалена куќа во селото Стримница дел од Општина Желино.
-Од страна на тетовските пожарникарите во 00:19 часот починатото лице е извадено од куќата и за настанот беа известени јавен обвинител и лекар по судска медицина за понатамошна постапка, информираа од РЦУК Тетово,
Од СВР Тетово информираа дека полициски службеници од станицата во Групчин дошле на местото на пожарот.
-Пожарот бил изгаснат, а смрт констатирала лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово, информираат од СВР Тетово.
Според информациите на СВР Тетово, З.Ш.(90) живеел сам во куќата.