По барање на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, а по налог на Специјалниот суд, запленети дел од имот во сопственост на сопругата на Илир Мета, Моника Круемади и нејзината мајка Фатиме Круемади.
-Специјалниот суд за борба против организиран криминал и корупција денеска одлучи да заплени дел од имотот на пратеничката Моника Круемади и нејзината мајка Фатима Круемади. Станува збор за две вили во местото „Селита“ во Тирана, со површина од 898 квадратни метри, двете со површина од по 449 квадратни метри, објави судот.
Се додава дека по спроведувањето на налогот на Специјалниот суд, од страна на судската полиција запленетиот имот е ставен во регистрите на Државната агенција за катастар, за што се известени и сопствениците на имотот. Мета и Круемади, кои се во процес на развод, се обвинети од СПАК дека при вршење на должноста во минатото биле вмешани во корупција, перење пари и непријавување имот.
Во една прилика Мета изјава рече дека тој нема никаков имот и оти дека се е на име на Моника, а по од првото пријавување во СПАК тој поднесе барање за развод, по што престојуваше во просториите на неговата Партија на слободата. По налог на СПАК, Мета беше уапсен на 21 минатиот месец. Два дена подоцна му беше изречена мерка затворски притвор. Вчера Специјалниот апелациски суд му го отфрли барањето за поблага мерка и тој остана во затворот „313“ во Тирана, кој се смета за затвор со висока безбедност. Судот го отфрли и барањето на Круемади, на која, поради здравствени причини, судот и има изречено мерка „обврска за јавување“