Премиерот на Словачка Роберт Фицо ќе престојува во официјална посета на Србија, при што ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Фицо и Вучиќ по заедничката средба, ќе ги водат пленарните состаноци на делегациите на двете држави.
Предвидени се и изјави за медиумите, по што ќе се одржи тркалезна маса „Србија-Словачка“ на која ќе присуствуваат Вучиќ и Фицо.