Унгарија ќе постави систем за противвоздушна одбрана во североисточниот дел на земјата бидејќи заканата од ескалација на украинско-руската војна е „поголема од кога било“, изјави унгарскиот министер за одбрана Кристоф Шалај-Бобровницки.
Рускиот претседател Владимир Путин завчера го намали прагот за нуклеарен напад како одговор на поширок опсег на конвенционални напади, откако САД и дозволија на Украина да истрела американски проектили длабоко во Русија.
Украина за прв пат завчера употреби американски ракети АТАКМС, соопшти Москва, што Русија го смета за голема ескалација.
- Сè уште веруваме дека мирот ќе се постигне што е можно поскоро, преку дипломатија наместо со воено решение, рече Кристоф Шалај-Бобровницки во видео објавено синоќа на неговиот Фејсбук.
Сепак, за да се подготвиме за сите можности, наредив неодамна купените системи за контрола на воздушниот простор и противвоздушна одбрана и со тоа што се опремени, да бидат распоредени на североисток, рече тој по состанокот на Советот за одбрана, што го свика премиерот Виктор Орбан, со цел да се разговара за развојот на настаните во Украина