Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен спасила патник на летот на швајцарска компанија „Свис Ер“ од Цирих за Брисел, кој имал сериозни здравствени проблеми, давајќи му прва помош, објави денеска „Билд“.

Фон дер Лејен, која по професија е доктор, одговорила на повикот на екипажот на авионот, кој вообичаено во вакви ситуации прашува дали некој од патниците може да му помогне на лице на кое му се појавиле сериозни здравствени проблеми.

Таа продолжила да пружа прва помош додека швајцарскиот авион приоритетно не слетал во Брисел, каде што лекар од Итната помош го презел пациентот.

Портпаролката на ЕУ за „Билд“ потврди дека претседателката на Европската комисија му пружила прва помош на патник на кој му се слошило во авионот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2024 03:40