Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус е примен во болница во Рио де Жанеиро, јавија светските агенции, повикувајќи се на локалниот весник „Глобо“.
Тој бил примен во „болница со симптоми на воспаление на увото и висок крвен притисок“, откако во понеделникот, на маргините на состанокот на Г20, станало јасно дека не се чувствува добро.