Најмалку шест лица загинаа, а десет се повредени откако група непознати напаѓачи отворија оган во дискотека во мексиканскиот град Виљаермос.

Окружното обвинителство соопшти дека напаѓачите влегле во дискотеката да убијат едно лице, а другите жртви се „колатерална штета“.

По инцидентот напаѓачите побегнаа, а властите немаат информации каде се наоѓаат, ниту колку луѓе биле вклучени во нападот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2024 03:43