Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Јончевски беше задоволен од играта на нашиот национален тим вечерва во Клаипеда.
Нашите репрезентативци доживеаја пораз од фаворитот со 72:94, и само теоретски шанси за пласмaн на Евробаскетот
-Иако овој натпревар заврши со поголема разлика од претходниот, покажавме поквалитетна игра, пожртвуваност, одговоривме на нивниот притисок и три четвртини одлично им париравме. Беше тоа машка борба. Она што можам да го заклучам од двата меча е дека ни фали игра под кошевите, ни фалат тие ситуации кога треба да го затвориме рекетот и да ги собереме сите промашени шутеви, но и со офанзивен скок да нападнеме, да стигнеме до поени од втора шанса. Денеска имавме вкупно три скока од високите играчи, што е катастрофално за еден ваков натпревар, истакна нашиот селектор по завршувањето на средбата во Клаипеда.