Бекот на македонската кошаркарска репрезентација, Ненад Димитријевиќ покажа одлична игра во поразот од Литванија со 94-72 во Арената „Швитурио“ во Клаипеда.

Тој постигна 43 поени на гостувањето против Литванија за 34 минути игра и се повреди, а последните шест се покажаа како пресудни за домаќинот да стигне до убедлив триумф.

-Ова беше битка, мислам дека одигравме многу добро прво полувреме. Во второто полувреме имавме многу повеќе проблеми со контрола на скокот, знаеја како да го искористат тоа. Беа подобри во второто полувреме и заслужено славеа. Ние се боревме 40 минути и дадовме се од себе, му честитаме на противникот. Дадов 43. поени, тоа е добро, но не значи ништо кога го загубивме натпреварот. Што се однесува до повредата, мислам дека беше само силен грч и дека се ќе биде во ред набрзо, изјави Димитријевиќ по натпреварот



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2024 03:53