Шеесет и осумгодишен пешак, жител на валандовското село Казандол со иницијали А.Т., вчера загинал во сообраќајна несреќа откако во него удрило товарно возило управувано од 47-годишен возач Т.К. од валандовското село Удово.

Како што информира Министерството за внатрешни работи денеска, во Полициската станица Валандово вчера било пријавено дека околу 17.30 часот на регионален пат Р 1401, на место викано крстосница „Страиште“, Валандовско, товарно возило „ивеко“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(47) од село Удово, Валандовско, удрило во пешакот А.Т.(68) од село Казандол, Валандовско.

-Од здобиените повреди, на местото на настанот починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Валандово. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот билтен.

Смртни последици имало и од сообраќајна несреќа што вчера се случила на регионалниот пат Ростуше - Дебар, за која било пријавено во 18.05 часот во ОВР Гостивар.

Патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(53) од Дебар, излетало од коловозот, а возачот починал од повредите.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.П., кој по укажаната лекарска помош во Општа болница во Дебар им подлегнал на повредите. Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, извршила екипа од ОВР Гостивар, информира МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2024 16:49