Повеќе од 100 грузиски дипломати во активна служба потпишаа отворено писмо во кое ја осудуваат одлуката на грузиската влада за замрзнување на преговорите за членство во ЕУ до 2028 година.

Досега, писмото го потпишале 114 службеници на Министерството за надворешни работи, кои работат во Грузија и дипломатските мисии во странство.

Европскиот претставник во Грузија ја нарече одлуката „тажна“ и го осуди полициското насилство врз проевропските демонстранти во Тбилиси. Полицијата употреби водени топови, солзавец и спреј против младите, гневни од одлуката на владејачката партија „Грузиски сон“.

„Жалиме што насилството беше насочено кон мирни демонстранти,“ изјави Павел Херчински, претставник на ЕУ во Грузија.

На протестите беа уапсени 43 лица, а повредени се 32 полицајци.

Нови протести се најавени за вечерва.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2024 03:56