Претставници на турскиот фудбалскиот прволигаш „Бешикташ“ на денешната средба со градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани му ја изложиле идејата за отворање на фудбалска академија.

Лимани, во неговиот кабинет остварил работна средба со надзорникот на Академијата за фудбал на клубот „Бешикташ“ од Турција, Сафет Ислер

- На средбата се разговараше за започнување на соработка со овој клуб и за можноста ФК Бешикташ да се отвори академија на во нашиот град, напиша Лимани, на социјалните мрежи. За Лимани тоа е фантастична вест за љубителите на спортот во нашиот град и особено за децата.

Меѓу останатото на средбата се разговарало за можната соработка и обезбедувањето на услови околу отворањето на фудбалска школа



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2024 04:01