Уставниот суд на Романија денеска ја одложи одлуката дали ќе ги поништи или потврди резултатите од првиот круг од претседателските избори.
Одлуката ќе биде донесена на 2 декември, ден по парламентарните избори.
Екстремно десничарскиот независен кандидат Калин Георгеску го освои првото место во првиот круг од изборите одржани минатата недела.
Претходно денеска претседателот на Постојаната изборна комисија, Тони Гребла изјави дека почнал процесот на повторно пребројување на гласовите од првиот круг на претседателските избори одржан на 24 ноември.
Гребла изрази надеж дека пребројувањето ќе заврши во поголемиот дел од окрузите во текот на денот, но предупреди дека може да дојде до доцнења во поголемите окрузи и оддалечените области во странство. Се работи за пребројување на над 9,4 милиони гласови