Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан денеска телефонски разговараше со американскиот државен секретар Ентони Блинкен за ситуацијата во Сирија.

Фидан истакна дека Анкара е против развојот на настаните со кои се зголемува нестабилноста во регионот.

Тој, исто така, наведе дека политичкиот процес помеѓу режимот и опозицијата мора да заврши за да се воспостави мир и просперитет во Сирија. Фидан потенцира дека нема да дозволи терористички активности против Турција и сириските цивили.

Фидан и Блинкен разговараа и за ситуацијата во Појасот Газа, во Либан, во Украина и во Јужен Кавказ.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2024 03:04