Британскиот премиер, Кир Стармер рече дека зајакнувањето на поддршката за Украина е од најголема важност за Киев да може да влезе во какви било мировни преговори од најповолните можни почетни позиции. Тоа е најјасното признание досега од негова страна дека војната може да заврши со преговори, јавија британските медиуми.
Стармер ја истакна важноста за продолжување на помошта од Западот за Украина и предупреди дека руската победа ќе ја загрози безбедноста, стабилноста и просперитетот на Европа.
-Мораме да продолжиме да ја поддржуваме Украина и да направиме се што е потребно за да ги зајакнеме нејзините капацитети за самоодбрана онолку долго колку што е потребно, рече британскиот премиер во говорот во Лондон. „Да се стави Украина во најдобра можна преговарачка позиција за да може да си обезбеди праведен и траен мир на начин кој ќе ја гарантира нејзината безбедност, нејзината независност и нејзиното право да ја избере сопствената иднина“, рече тој.
Забелешките на Стармер доаѓаат во клучен момент во војната, при што Русија напредува со најбрзо темпо од 2022 година, а новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, кој е длабоко скептичен за американската поддршка за Украина, вети дека ќе стави крај на војната веднаш штом ќе ја презеде функцијата во јануари.
Велика Британија е меѓу најгласните поддржувачи на Украина од почетокот на руската инвазија и беше првата земја што му обезбеди на Киев понапредно оружје, како што се тенкови и крстосувачки ракети со долг дострел