Левото крило на Барселона Рафиња, се осврна на неговиот настап во одложениот натпревар од 19. коло на Ла Лига со Мајорка.

Каталонците победија со 5:1, а Рафиња постигна два гола.

-Формата ми е во нагорна линија, но не сакам да застанам. Го сакам овој клуб и ќе направам се што можам за да помогнам на теренот, изјави Рафиња за „Football Espana“.

Дваесет и седумгодишниот фудбалер постигна 16 гола и 10 асистенции во 21 настап за Барса во сите натпреварувања оваа сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2024 15:05