Навивачите на Манчестер Сити не ги заборавија големите успеси во последните години и ќе бидат зад тимот и покрај нивната серија од седум натпревари без победа. Ова го изјави менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола еден ден пред дуелот со Нотингем Форест во натпревар од Премиер лигата.
Четирите првенствени порази во низа го спуштија шампионот на петтото место на табелата, веќе 11 бода зад лидерот Ливерпул.
-Ни требаат навивачите поради ситуацијата во која се наоѓаме. Тие секогаш беа тука за нас и ја чувствувавме нивната поддршка. Тие исто така знаат што постигна овој тим во последната деценија. Имавме одлични времиња заедно и знаеме дека ни е потребна нивната поддршка по секоја цена, објасни Гвардиола, кој никогаш немал седум натпревари без победа во кариерата како главен тренер.
Според Гвардиола, Манчестер Сити повеќе не може да размислува за титулата на крајот од сезоната, туку треба да пристапи само со следниот натпревар на ум.
-Само да се потсетиме на минатите успеси и да размислуваме за големи цели би било голема грешка. Мораме да се обидеме да победиме тим што е блиску до нас во пласманот, но секогаш зависи од тоа како ќе играте. Сè уште не сме далеку од тимот на второто место, додаде Гвардиола, чиј тим заостанува само два бода зад второпласираниот Арсенал