Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи ја демантираше информацијата за интересот на парискиот клуб за крилниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах.

-Ова не е вистина. Тој е фантастичен играч, но никогаш не сме разговарале за неговиот трансфер. Знаеме дека секој клуб би сакал Салах да игра за нив, но таквата информација не е точна, изјави Хелаифи, цитиран од новинарот Флоријан Плетенберг на социјалната мрежа „Х“.

Претходно во медиумите се појави информација дека ПСЖ е подготвен да му плаќа на Салах околу 40 милиони евра годишно.

Благодарение на оваа сума, но и на бонусите, египетскиот фудбалер би можел да стане еден од најплатените играчи на планетата и најплатен во Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2024 03:37