Во Општина Ѓорче Петров започната е изградбата на нов паркинг простор во близина на спортското фудбалско игралиште „Македонски Лавови“ на булеварот „Македонска Војска“.
Со вкупна површина од 850 м², новиот паркинг ќе обезбеди простор за приближно 50 возила, со што ќе се подобри инфраструктурата и ќе се реши долгогодишниот проблем со непрописното паркирање во овој дел од општината.
Како што денеска соопштија од Општината, градоначалникот Александар Стојкоски извршил увид во текот на градежните активности, што се одвиваат според предвидената динамика. Со оваа инвестиција, се наведува во соопштението, општината уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон создавање на поуреден, безбеден и модерен јавен простор за своите граѓани.
Овој проект е дел од пошироката стратегија за унапредување на локалната инфраструктура, со цел подобрување на квалитетот на живот во нашата заедница