За прв пат во историјата на независна Македонија и токму на државниот празник 11-ти Октомоври денот на народноро востание, востаниците на 21-от век, фудбалските репрезентативци на Република Македонија испишаа златни букви во македонскиот фудбал пласирајќи се на едно големо екипно фудбалско натпреварување.
Со рутинската победа на Арената Филип Втори во Скопје против Шкотска и добрата игра на Украина на гости во Исланд овие наши и млади херои за момент донесоа радост кај Македонците и ја вратија вербата на сите љубители на фудбалот дека сепак Македонија има иднина во овој спорт.
Пожртвувано во текот на квалификациите со 6 победи, 3 нерешени и само 1 пораз и освоени 21 бод младинската фудбалска репрезентација го трасираше патот до Европското првенство во Полска. Еуфоријата беше преголема и на стадионот и кај самите фудбалери но овие момци одиграа машки во текот на квалификацискиот циклус, ги победија најдобрите, заслужија да ја испишат македонската фудбалска историја.
Алексовски, Бабунски, Барди, Ангелов, Маркоски, Демири, Велкоски, Зајков, Редески и останатите фудбалери кои го оставија срцето на терен, заедно со тренерот Милевски заслужија да бидат прогласени за национални херои на Република Македонија.