Русија го затвори полскиот генерален конзулат во Санкт Петербург како одговор на одлуката на Полска да го затвори рускиот конзулат во Познањ.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти и дека ќе прогласи тројца полски дипломати за персона нон грата, кои ќе мора да ја напуштат Русија.
„На полската страна ѝ беше нагласено дека Москва веќе презеде и ќе продолжи да презема остри реципрочни мерки против непријателските дејствија кон Русија,“ се наведува во изјавата од руското Министерство за надворешни работи