Автобусите од јавниот превоз во понеделник поради државниот празник Св. Климент Охридски ќе сообраќаат по неделен возен ред, соопштуваат од Јавното сообраќајно претпријатие.
– ЈСП СКОПЈЕ ги известува своите патници дека во понеделник (09.12.2024 год), поради државниот празник Св.Климент Охридски автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-18 часот, при што од 17-17:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу, наведуваат во соопштението