По повод државниот празник 8 декември - Свети Климент Охридски, делегација од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, денеска положи цвеќе пред споменикот на Св.Климент Охридски пред Националната универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Цвеќе пред споменикот положија и делегации од Собранието на Република Северна Македонија, од Владата, од Генералштабот на Армијата, од МПЦ-ОА, како и претставници на институции, на дипломатскиот кор и на политички партии.