Општина Илинден информира дека со своите активности континуирано спроведува активности кои се насочени кон зачувување и промовирање на традиционалните македонски музички културни вредности.

За таа цел градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски потпиша договор со кој се дава поддршка на локалната музичка група од Општината, Енерџи Бенд во реализација на музичкиот проект за преработка на македонски патриотски песни, кои се историско наследство на македонската музика.

Општина Илинден најавува дека и понатаму ќе ги поддржува сите културни настани, активности и манифестации кои ќе придонесат за унапредување и зачувување на културата и музиката во Илинден.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2024 13:45