Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола го одбележува 8. Декември и го чествува великиот учител св. Климент.
Нашите корени потекнуваат од Охридската книжевна школа која пред повеќе од 1100 години ја основал св. Климент Охридски, а оваа година имаме дополнителни причини за одбележување, истакна ректорот Игор Неделковски.
-Под мотото „Еден век наука и знаење“ одбележуваме 100 години од почетоците на Универзитетот, односно основањето на нашата најстара единица Научниот институт за тутун во Прилеп. Но, оваа година славиме и 45 години од основањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ бидејќи сите сме едно, сите 10 факултети, една висока школа, еден научен институт и 5 придружни членки, сите сме УКЛО, посочи ректорот Неделковски.
Според востановената традиција, членовите на ректорската управа и студенти, положија цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски што се наоѓа во дворот на Ректоратот на УКЛО во Битола.
Како што е познато, свеченостите за јубилејната година на битолскиот Универзитет почнаа на 25 април на денот на основањето на Универзитетот кога беа одбележани 90 години од првото студентско здружение основано во Битола од студенти на универзитетите во Белград, Загреб и други градови во Кралството Југославија, а есеноска беше организиран Ректорски форум на земјите од Југоисточна Европа и Западен Балкан во Битола, на кој присуствуваа околу 60 ректори и други високи претставници на универзитети од 14 држави во Европа