Во Кавадарци од денеска отворен е за посети дворецот на Дедо Мраз, во кој 27 години, кавадарчанецот Ѓорѓи Вареловски ги дочекува најмладите во новогодишна атмосфера.

- Со години наназад имаме посети од дечиња од земјава и од странство. Континуирано се зголемува бројот на украси. Голем труд и љубов се вградени во сево ова, со единствена цел, насмевки и задоволство кај најмладите. Сите да ја почувствуваат празничната магија, вели Вареловски.

Тој нагласува дека е прекрасно да се гледаат среќни детски лица.

Минатата година, околу 1.600 деца го посетиле дворецот на Дедо Мраз во Кавадарци.

Вареловски вели дека овој настан е своевиден амбасадор на градот. Посакува сите дечиња во светит да бидат среќни и весели. Убавата работа, додава, е, во дружењето, насмевките и позитивната енергија



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2024 02:18