Повеќе од 150 полицајци се повредени за време на протестите на приврзаниците на опозицијата во Грузија, соопшти денеска грузиското Министерство за внатрешни работи, наведувајќи дека од 28 ноември повеќе од 400 лица се приведени поради различни прекршоци.
Протести се одржале и синоќа во Тбилиси, а полицајците не им пришле на демонстрантите и покрај големиот број пиротехнички средства кои беа фрлени кон зградата на Парламентот.
Порталот Грузија објави дека групи маскирани полицајци апселе демонстранти во споредни улици, но и на булеварот „Руставели“.