Сириските бунтовници, кои со својата молскавична офанзива го соборија претседателот Башар ал Асад „ја гарантираа безбедноста“ на руските воени бази во Сирија, изјави синоќа анонимен извор од Кремљ за руски новински агенции.

„Руските власти се во контакт со претставници на сириската вооружена опозиција, чии лидери ја гарантираа безбедноста на руските воени бази и дипломатски институции на територијата на Сирија“, наведе изворот.

Истиот извор претходно синоќа рече дека Асад со неговото семејство се наоѓа во Москва.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2024 15:02