Кина повика да се изнајде „политичко решение“ во Сирија по симнувањето од власт на претседателот Башар ал Асад, кој беше принуден да ја напушти земјата поради офанзивата на исламистичките бунтовници.
„Се надеваме дека сите вклучени страни ќе дејствуваат во интерес на сирискиот народ за брзо изнаоѓање трајно политичко решение за враќање на стабилноста во Сирија“, изјави на прес-конференција портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нин.
„Кина цврсто ќе го заштити својот национален суверенитет и територијален интегритет“, додаде таа во врска со Тајван. Портпаролката нагласи дека островот е „нераскинлив“ дел од Кина