Украинскиот премиер Денис Шмихал денеска во Киев разговараше со неговиот естонски колега Кристен Михал за прашања од одбраната, обновата и енергетиката на Украина.
Михал нагласи дека Естонија заедно со Украина ќе продолжи да се бори против руската агресија до победа, пренесе агенцијата Укринформ.
„Заедно со сите наши партнери ќе работиме на обезбедување праведен мир за Украина и за цела Европа“, рече естонскиот премиер, кој денеска го посети Киев